Опаѓаат приходите на „Телеком“ од телефонија, растат од интернет и од ТВ

Bez autora
Aug 14 2011

Финансиските резултати од работењето на „Македонски телеком“ а.д. Скопје и „Т - мобиле Македонија“ за првата половина од годинава покажуваат намалување на приходите во говорните услуги и раст во сегментот на интернетот и телевизијата. „Македонски телеком“ и „Т-мобиле“ одржуваат водечка позиција на пазарот во фиксната и во мобилната телефонија. Но, како резултат на силната конкуренција на пазарот и зголемената понуда пред с` во делот на мобилната телефонија, во текот на првата половина од 2011 година приходите на ниво на групација се намалени за 9 проценти во споредба со истиот период во 2010 - соопшти вчера „Македонски телеком“. Сите овие движења на страната на приходите и трошоците резултираа со намалување на нето-добивката на ниво на групација за првата половина од 2011 година за 14,4 проценти во споредба со истиот период изминатата година, што резултираше во нето-добивка од 2.751.003 илјади денари, се вели во соопштението.

Опаѓаат приходите на „Телеком“ од телефонија, растат од интернет и од ТВФинансиските резултати од работењето на „Македонски телеком“ а.д. Скопје и „Т - мобиле Македонија“ за првата половина од годинава покажуваат намалување на приходите во говорните услуги и раст во сегментот на интернетот и телевизијата. 

- „Македонски телеком“ и „Т-мобиле“ одржуваат водечка позиција на пазарот во фиксната и во мобилната телефонија. Но, како резултат на силната конкуренција на пазарот и зголемената понуда пред с` во делот на мобилната телефонија, во текот на првата половина од 2011 година приходите на ниво на групација се намалени за 9 проценти во споредба со истиот период во 2010 - соопшти вчера „Македонски телеком“. 

Сите овие движења на страната на приходите и трошоците резултираа со намалување на нето-добивката на ниво на групација за првата половина од 2011 година за 14,4 проценти во споредба со истиот период изминатата година, што резултираше во нето-добивка од 2.751.003 илјади денари, се вели во соопштението. 

Наспроти тие податоци, во првите шест месеци од годинава се зголемени приходите од интернет и од дигитална телевизија преку ИПТВ за 2,5 процента споредено со истиот период лани. Бројот на ИПТВ-корисници на крајот од првата половина од годинава, споредено со истиот период лани, бележи пораст од 60,4 проценти и корисничката база изнесува 34 илјади. Фокусот на дабл и трипл плеј-пакетите го зголемил бројот на ДСЛ-корисници за 9,2 проценти, со што корисничката база на крајот на јуни достигнала 155 илјади. 

Даниел Сас, главен извршен директор на „Македонски телеком“ оценува дека остварените резултати за првата половина од 2011 година се во рамките на очекувањата доколку се земат предвид макроекономските движења, економската моќ на граѓаните, како и силната конкуренција на пазарот во делот на фиксната и мобилната телефонија, интернетот и телевизијата. 

- И покрај падот на приходите од говорни услуги, сепак бележиме значителен раст во сегментот на интернетот и телевизијата. Во тој контекст, како резултат на нашиот фокус на дабл и трипл плеј-понудата, успеавме да го зголемиме уделот на пазарот на широкопојасен интернет на 59 проценти според интерните податоци.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik